Македонија

Се преврте комбајн на патот Струмица – Берово: возачот тешко повреден

Се преврте комбајн  на патот Струмица – Берово: возачот тешко повреден

20-годишник е тешко повреден кога се превртел со комбајнот што го управувал, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Имено вчера во 16.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица – Берово, на место викано „Коцева чешма“, Ј.Ц.(20) од село Владимирово, беровско, управувајќи комбајн без регистарски ознаки, изгубил контрола над комбајнот и се превртел надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Ц., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Макфакс

На почеток