На овој ден е родена најголемата македонска ѕвезда, Тоше Проески.
Актерката Весна Петрушевска која беше навистина блиска со него, на социјалните мрежи сподели видео од нејзината свадба на кое Тоше пее и се весели заедно со невестата.
„Денес ќе наполнеше 38 ….оваа снимка ја немав видено 16 години…има сигурно 45 минути материјал, нема никогаш да го објавам и за ова ми требаа повеќе од 10 години…те сакам и ми недостасуваш најмногу, за моето време беше ти“, напиша актерката.
