Магазин

Денеска е голем празник: Маченичката преживеа и откако им беше фрлена на лавовите, па пострада за Христа

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јануари.

Денеска е Св. маченица Татјана.

Света Татјана потекнувала од видно римско семејство. Татко и три пати бил префект на Рим. Уште од младоста била длабоко проникната од Христовата вера, а подоцна била посветена за ѓакониса. Како христијанка била забележана од римските власти, затворена и мачена.

После измачувањата била фрлена на лавовите, но овие се умилкувале околу неа како во времето кога животните живееја во мир со Адама.

Најпосле и ја отсекле главата. Света Татјана пострада за Христа во третиот век.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток