Македонија

Еди Рама и Грамоз Ручи упатија честитки до Ципрас и Заев

Ратификацијата на Преспанскиот договор од страна на грчкиот парламент ја поздрави и албанскиот премиер Еди Рама. На Твитер тој им се обраќа на неговите колеги Ципрас и Заев, изразувајќи им почит и честитки за „историскиот договор“.

-Повторно почит и честитки за Алексис Ципрас и Зоран Заев за нивниот историски договор и ставањето крај на конфликтот меѓу Грција и Северна Македонија. Ова тешко можеше да го произведе стара локална политика, но тоа многу добро го реализираа моите пријатели, напиша Рама.

Исто така и претседателот на албанскиот парламент, Грамоз Ручи, ја поздрави ратификацијата на Преспанскиот договор.

-Гласање, од визионерски парламент. Балканот се ослободува од вековните инерции, рече Ручи.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток