Македонија

Министерот Адеми се сретна со амбасадорот на Република Словачка

Министерот за култура Асаф Адеми денеска во Министерството за култура оствари работна средба со амбасадорот на Република Словачка во Македонија, Хенрих Маркуш.

„На средбата беа споделени искуства од неколкугодишната соработка во областа на културата и уметноста меѓу двете земји, која е регулирана со Договорот за соработка потпишан меѓу двете министерства.

Министерот Адеми и Н. Е. Маркуш ги потврдија заложбите за афирмација и зближување на двете култури за кои досега се залагаа двете земји, кои се забележуваат во преводната литурата, во гостувањето на словачки поети на Струшките вечери на поезијата, во учеството на македонски изведувачи на манифестации во Р Словачка, а говореа и за заедничките проекти во кои се вклучени двете земји, и тоа во меѓународната фондација „Форум на словенските култури“, во одбележувањето на 24 Мај – Денот на словенските просветители Кирил и Методиј што секоја година се реализира во седиштето на УНЕСКО во Париз со пригодни настани, како изложбите: „Светското културно наследство на словенските земји“, „Мојот портрет за музејот“, „Главните градови на славјанските земји преку архивски материјал“ и „Словенските карневали“, како и во рамките на заедничкиот проект „На маса со Словените“. Во иднина се очекува соработка меѓу нашите две држави и во рамките на долгорочниот проект „100 словенски романи““, велат од Министерството за култура.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток