Летово ќе почне со изградба првата зграда во кругот на фабриката „Треска“


Летово ќе почне градбата на првата зграда во кругот на поранешната фабрика „Треска“ и со тоа ќе се бетонизира и последниот слободен простор во центарот на Скопје. Фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ веќе уплатиле комуналии во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект, пишува СДК.
Од Општина Центар за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека се платени комуналиите и сега следува изготвување и потпишување на одобрението за градба.
„По завршување на постапката и сите законски процедури одобрението за градење ќе стане правосилно. Ќе се гради објект со висина од 19.20 метри, катноста е приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина изнесува 6.662 метри квадрати. Станува збор за стaнбено-деловен објект“, велат од Општина Центар.
Целиот текст можете да го прочитате тука
