Коментари

Најчевска: Tргнете го лакејот на Ахмети од позицијата од која веќе нанесе штета во преговорите со Бугарија и сите негови извршители кои се директно вклучени во овие преговори

Заштитата на правата на малцинствата во Македонија е во рацете на самите малцинства. Таа е регулирана со уставот на државата, постои посебно министерство за таа цел, Народниот правобранител е од редот на најголемото малцинство, воспоставен е систем на квоти, се води грижа во секое министерство на раководна позиција да има претставници од етничките малцинства, вели професорката Мирјана Најчевска.

„Не е во ред човек кој припаѓа на една етничка заедница, кој не ја признава хиерархијата на државата туку хиерархијата на етнички дефинираната партија, да се наоѓа на раководна позиција од која треба да се преговара за правата на друга етничка заедница.
Во спор во кој се засегнати интересите на една етничка заедница главен збор мора да имаат претставниците на таа заедница.
Ве молам, тргнете го лакејот на Али Ахмети од позицијата од која веќе нанесе неверојатна штета во преговорите со Бугарија и тргнете ги сите извршители на Али Ахмети од телата кои се директно вклучени во овие преговори.
Или, во секоја од структурите која се бави со правата на албанската етничка заедница во Македонија на раководна позиција да биде поставен етнички Македонец.
Во услови кога албанската етничка заедница одбива градење на граѓанска држава, не може претставниците на оваа заедница да се постават на функции од кои ќе преговараат за правата на мнозинската – македонската заедница.
Значи, или граѓанска држава која не се базира на етницитетот како основен критериум за поделба на власта, или етнички поделена држава во која нема мешање на една етничка заедница во сферата на интерес на друга етничка заедница.
Решете се.
Јас ете мислам дека е време за технократска власт која ќе ја изгради граѓанската опција, ама не прифаќам некој да ме прави будала“, додава таа.

На почеток