Свет

Полска ги зајакнува безбедносните мерки на границата со Белорусија; Песков: „Ова е причина за загриженост“

Полска ги зајакнува безбедносните мерки на границата со Белорусија; Песков: „Ова е причина за загриженост“

Одлуката на Полска да ги зајакне своите сили по должината на границата со Белорусија поради присуството на борците на „Вагнер“ е причина за загриженост, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

„Секако дека ова е причина за загриженост. Агресивноста на Полска е реалност. Таквиот непријателски однос кон Белорусија и Руската Федерација бара зголемено внимание“, изјави Песков за новинарите во Москва, пренесе „Ројтерс“.

Тој изјави дека се работи на безбедноста на Унијата на Русија и Белорусија, додава „РИА новости“.

Министерството за одбрана на Белорусија претходно денеска соопшти дека припадниците на белоруските сили за специјални операции заедно со борците на приватната воена компанија „Вагнер“, во близина на границата со Полска, ќе извршат мисија за борбена обука, на која Министерството за одбрана на Полска соопшти дека ја следи ситуацијата и е подготвено за разни сценарија.

Полска почна да преместува повеќе од 1.000 војници заедно со воена опрема на истокот од земјата претходно овој месец.

 

makfax.com.mk

На почеток