Снегот во Скопје кој започна да врне утрово создаде проблеми за возачите и пешаците, особено во Припор каде е блокиран сообраќајот.
Граѓаните се жалат дека никој не фрла сол, нема машини кои во ваква ситуација веднаш треба да излезат на терен и да го расчистуваат. Тие коментираат дека властите и годинава очигледно се неподготвени за снежни врнежи.
По улиците се вози споро и крајно внимателно.