Скопје

Поради невремето, Заев наместо во Скопје слета во Софија

Врнежите од снег денеска го отежнуваат авиосообраќајот во Скопје.
Владиниот авион со кој премиерот Зоран Заев се врсќаше од Давос по 40 минутно кружење над Скопје не можел да слета поради лошите временски услови, и истиот бил пренасочен на аеродромот во Софија.

Од меѓународниот аеродром „Скопје“ изјавија дека четири летови денеска се пренасочени кон соседните аеродроми. Три летови од Љубљана се пренасочени кон Тирана, а авион од Истанбул се вратил повторно назад. Четири летови исто се откажани кои требало да полетаат од аеродромот од Скопје за Љубљана и Истанбул.

Инаку Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој заедно со владината делегација во состав на заменик на претседателот на Владата на РМ, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши, учествуваше на годинешниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, каде имаа повеќе средби и активности од интерес на економската иднина на земјата.

Заев требаше веќе да биде во партиското седиште на СДСМ, каде пред Централниот Одбор на кој ќе се одлучува за двојни избори, се одржуваат координација и извршен одбор, но поради тоа што слета во Софија, а не во Скопје, Заев нема да писуствува на Централниот одбор.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток