На патниот правец Демир Капија-Смоквица вечерва се преврте камион цистерна, кој се излизгал на патот поради снегот и лошите услови на патот. Во моментов овој патен правец не е прооден за сообраќај, пишува Република.
Од АМСМ и ЈП „Македонијапат“ известуваат дека од 19:30 часот патниот правец Демир Капија – Гевгелија се пренасочува по стариот пат.
