Македонија

За повредите поради нерасчистените улици, граѓаните можат да поднесат тужба против општината во која паднале

Неисчистениот мраз и снег на улиците како и секоја година се проблем за граѓаните.

Општините трошат илјадници евра за набавка на опрема и сол, а Дирекцијата за заштита и спасување вечерва упати апел до градоначалниците и општините да ги преземат сите неопходни мерки за расчистување на снегот и снежните наноси, заради нормално одвивање на сообраќајот и заштита на населението согласно обврските од Законот за заштита и спасување.

Во случај на повреди, граѓаните имаат право да бараат обесштетување.

За скршениците и повредите кои настанале како последица од нерасчистените улици, граѓаните можат да поднесат соодветна тужба против општината во која паднале.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток