Македонија

168 санкционирани возачи во Скопје, 48 за брзо возење

168 санкционирани возачи во Скопје, 48 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за управување под дејство на алкохол.

dobivaj vesti na viber

Изречени се осум мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за користење на мобилен телефон и пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.

Макфакс

На почеток