Денеска во СВР Скопје е пријавено дека околу 3.30 часот утрово на ул. „Струмичка“ во Чаир настанал пожар во патничко возило „ауди со скопски регистарски таблички, во сопственост и паркирано од страна на Б.Л. (35) од Скопје.
Пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа на СВР Скопје.
Медиуми го поврзуваат возилото со вицепремиерот Артан Груби, а Макфакс го контактираше за потврда или демант, но засега нема информации за поврзаноста на аудито со него.
Макфакс