Македонија

Демократски сојуз: Парламентот на Бугарија го бугаризира и Илинден

Демократски сојуз: Парламентот на Бугарија го бугаризира и Илинден

Наместо подобрување на односите, Бугарија со смислена провокација пред Илинден, националниот празник на Македонците и Македонската држава, со резолуција сака да го бугаризира Илинден, соопшти денес Демократски сојуз.

dobivaj vesti na viber

Во услови кога ДУИ и СДСМ започнаа постапка за уставни промени, со цел Бугарите да бидат внесени во Уставот на Македонија, Движењето за промени на Кирил Петков (наводниот демократ), тргна по патот на Каракачанов, предлагајќи Бугарскиот Парламент да донесе Декларација со која Илинденското востание ќе го прогласи за бугарско, коментираат од партијата.

-Оваа Декларација покажува дека уставните промени нема да го отворат европскиот пат за Македонија, туку ќе се искористат за поагресивна антимакедонска кампања, негирање на македонскиот народ, јазик, историја и култура. Македонската дипломатија предводена од ДУИ, ги загрозува нашите национални и државни интереси, поради што се неопходни коренити кадровски промени. И покрај очигледните анационални активности, криминалот, блокада на институциите, огромно незадоволство на граѓаните, СДСМ не трепнува, за сѐ ги обвинува тие што пред седум години биле на власт, но не им сметаше со дел од нив да прават бизнис коалиции, велат од ДС.

Демократски сојуз изјавува дека без реципроцитет, уставни промени нема да има и додава дека само со признавање на правото на здружување на Македонците во Бугарија, можно е да очекуваме промени на подобро, а на СДСМ ѝ порачуваат дека треба да ги преспита своите ставови, дали ќе оди на предвремени избори или и натаму ќе го одржува ДУИ на власт.

Макфакс

На почеток