Македонија

„Ако запаленото возило на Груби не е негово туку на комшијата, кој дозволил да се стават флешери“, Ковачки му се обрати на Спасовски

„Ако запаленото возило на Груби не е негово туку на комшијата, кој дозволил да се стават флешери“, Ковачки му се обрати на Спасовски

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на својот Фејсбук профил му се обрати на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со запалениот автомобил што е или не е на вицепремиерот Груби.

dobivaj vesti na viber

-Ако запаленото возило на Артан Груби не било во негова сопственост туку се водело на име на фирма ДПТУ ЕУРОКОМ ДОО или на комшијата, а Артан само го користел (читај скриен имот на туѓо име), тогаш кој е тој што дозволил на возило кое не е во сопственост на МВР или на друг државен орган, да се стават флешери и звучна сигнализација?

Какви злоупотреби и колку пати се направени со истото тоа возило?

Министре Спасовски, Вие ли одобривте да се стават флешери на приватно возило на фирма, кое според медиумите но и според Крешник Бектеши и Бујар Османи е во сопственост на вице-премиерот? Зошто не ја кажете вистината? По кој Закон, Уредба или Правилник е тоа направено?

Уште колку такви возила со предимство на минување на име на приватни фирми или на комшии имаме во државата?
До кога граѓаните треба да ги трпат неизживеаните и аздисаните „функционери“?

Затоа ли Ве плаќаат граѓаните г-не Спасовски, да молчите? Или кандидатурата за претседател и поддршката од ДУИ Ви е поважна од едни „обични флешери“?

Г-не Спасовски, во цивилизирана држава за ова се поднесува оставка, затоа што Вие не сте од вчера, туку 8 години сте министер и ова мора да е со Ваше одобрение.

Вака не во ЕУ, туку во Африканска Унија нема да не примат. Распад систем – коментира Ковачки во својот статус на Фејсбук.

Макфакс

На почеток