Македонија

Движење БЕСА: Груби, АА и Владата да не леат крокодилски солзи, туку да дадат отчет за последните случувања и скриеното богатство!

Движење БЕСА: Груби, АА и Владата да не леат крокодилски солзи, туку да дадат отчет за последните случувања и скриеното богатство!

Артан Груби не треба да лее крокодилски солзи, туку да излезе на прес-конференција и да одговори на три прашања:

dobivaj vesti na viber

Дали е вклучен во криминал и дали соработува со подземните криминални структури на РСМ, кои сега се обидуваат да ги расчистат „сметките со него“? Затоа што, овој сомнеж го отвораат синхронизираните и непосредни реакции на функционерите на ДУИ, АА и СДСМ во Владата.

Или намерно си го запалил личниот автомобил за да го сврти вниманието на јавноста од информациите кои секојдневно излегуваат во јавност и ги истакнуваат сомнежите за вмешаност во криминал и корупција на лидерот на ДУИ Али Ахмети и други функционери на ДУИ, како и злоупотреба на службената должност од негова страна, за што сведочеше и самата вицепремиерка Грковска.

И трето, тоа што својот луксузен автомобил го има регистрирано на туѓо име, Артан Груби мора да даде отчет и за тоа колку други имоти сокрил на туѓо име, и во име на членови на неговото семејство и други доверливи луѓе. Доколку Груби не го направи ова, ги повикуваме надлежните институции, Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да започнат истраги за Артан Груби врз основа на нивните надлежности.

Движењето БЕСА во соопштение до јавноста вели дека не верува оти овој настан е случаен, само неколку часа по појавувањето во медиумите на потпретседателот на Движењето БЕСА, Фатмир Лимани, кој откри вистински информации за сомнежите за криминал и корупција на лидерот Али Ахмети и неговото семејство, како и нови информации кои постојано ги откриваат медиумите. За оние кои се 20 години на власт и го угнетуваат народот, не им значи ништо да се запали автомобил за да се оттргне вниманието од вистинските проблеми на граѓаните.

Исто така, АА и неговите функционери мора да излезат пред граѓаните и да дадат отчет зошто молчеа за сите сомнежи за криминал што се појавија за ДУИ и нејзиниот лидер и беа „оживеани“ само кога требаше да се брани Артан Груби. Го повикуваме раководсвтото на АА да го слушаат гласот на граѓаните и нивните поддржувачи, а не Артан Груби, велат од Беса.

Макфакс

На почеток