По Куманово и Крива Паланка и источниот дел од Скопје и населбите од скопската котлина Илинден и Драчево се зафатени од невреме. Пороен дожд проследен со град и ветар започна попладнево. Во Драчево падна град со големина на орев.
Во скопските општини Чаир и Гази Баба има и паднати поголеми гранки од дрвја. Во Бутел е вистински хаос – подвозниците се полни со вода и се непроодни.
Силен дожд има и во Аеродром, а на коловозите од булеварите се насобира вода.
Градоначалникот на Општина Центар предупреди граѓаните да внимаваат и да се јават на службите доколку имаат проблеми со невремето.
Исто така, на патниот правец Куманово – Кратово, граѓани јавуваат дека има одрони на коловозот и препорачуваат внимателно возење.
Метеоролозите велат дека не е невообичаено по многу високи температури да дојде до нагло празнење на водата од атмосферата наместа проследено со грмотевици.
Макфакс