Момче на 24 години загина во судирот кај Битола во опожарениот автомобил што се судри со камион


Битолското обвинителство изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа со смртни последици, што се случи на патот Прилеп – Ресен.
Според првичните наоди при увидот, како што информираа од Обвинителството, до несреќата дошло при директен судар на автомобил „опел корса“, со битолски регистарски ознаки, и товарно возило, со штипски регистарски ознаки.
Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на патничкиот автомобил.
Се постапува за испитување на причините за несреќата, при што по наредба на јавниот обвинител, ќе биде извршено сообраќајно вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот.
Макфакс
