Повеќе од 200 луѓе се исчезнати кога рударска брана се распадна во Бразил предизвикувајќи море од кал што се шири во руралните области во југоисточната држава Минас Жераис, пренесе Би-би-си. Според информациите, се стравува од ширење отровен отпад и загадување на животната средина.
Сè уште нема потврдени жртви, а се трага по исчезнатите, соопшти противпожарникарската служба.
Спасувачки екипи се испратени до местото, а официјални лица изјавиле дека голем број жители во близина на браната се евакуирани.
Рудникот за железна руда е во сопственост на најголемата рударска компанија во Бразил, „Вале“.
Видеоснимки покажуваат како калта се шири по патиштата и ги уништува зградите.
New environmental mining disaster caused by Vale in Brazil today #Brumadinho #MinasGerais #Vale pic.twitter.com/fy4ZpBiNkQ
— Luciane Moessa (@lumoessa) January 25, 2019
