Свет

Србин измамил повеќе од 200 луѓе и заработил околу 870.000 евра

Србин стана еден од најбараните бегалци во Европа, по акцијата на австриската полиција која траеше скоро една година.

Тој се бара поради повеќе од 200 измами во кои заработил околу 870.000 евра. За него е издадена потерница од Интерпол, соопшти австриската полиција.

До сега уапсени се шест главни помошници кои заедно со Србинот оштетиле 58 лица. Полицијата не објасни како функционирала групата и како доаѓале до парите на оштетените.

Бандата била активна на територијата на Беч.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток