Свет

(ВИДЕО) По 13 дена спасувачите го извадија телото на 2-годишното момче

Спасувачите го пронајдоа телото на две годишното дете кое падна во бунар пред 13 дена во близина на Малага, Шпанија.

Неговото тело го пронајдоа рано утрово спасувачите кои копаа тунел со цел да стигнат до него, изјави портпаролот на владината канцеларија во Малага и додаде дека за случајот ќе биде спроведена истрага.

Момчето падна во незаградена дупка која била длабока 110 метри, на 13 јануари.

Бунарот бил ископан пред околу еден месец за време на истражувања на водите, а по истражувањата истиот не бил покриен ниту заштитен, велат локалните медиуми.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток