Во Црна Гора има 77 граѓани кои на сметките во домашните банки имаат повеќе од милион евра, а најбогатиот има 50,28 милиони евра, соопшти Централна банка.
Од Централна банка не ги соопштија имињата, но открија дека тој не е странец, туку жител на Црна Гора.
Депозити поголеми од 10 милиони евра имаат тројца жители, еден има депозит од 5 од 10 милиони евра, а 73 граѓани имаат депозиот од 1 до 5 милиони евра.
Бројот на милионери во Црна Гора постојано се зголемува.
