Магазин

Пеев пред 122.000 луѓе, пристигнав со хеликоптерот на претседателот, а видеото одеше на вести: Брена за спектакуларниот концерт во Софија пред 33 години

Српската пејачка Лепа Брена со фотографии и видеа од незаборавниот концерт во Софија во 90-тите, носталгично се сеќава на нејзината популарност кога со хеликоптер ја снимале на стадионот каде одржала концерт.

„24.07.1990. Прочуениот, спектакуларен концерт во Софија, кога со хеликоптерот на тогашниот претседател Тодор Живков се спуштив среде преполниот стадион „Васил Левски“. 122.000 Бугари пееа со мене „Ја сам Југословенка“, и тоа е чувство кое се памти до крајот на животот. Видеото од тој концерт беше емитуван во „Дневник 2“ како вест на денот“, напиша Брена.

To Top