Собранието денеска ќе одржи седница со која ќе се одбележи шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес

Од
Објавено на

Собранието денеска ќе одржи седница со која ќе се одбележи шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.
По оваа седница Собранието ќе ја продолжи 121. седница.
На 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, со помали потреси до пет часот и 43 минути. Животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Над 200.000 луѓе остана без покрив над главата.
