Македонија

Автомобил излета од патот, две лица со телесни повреди

На 25.01.2019 година во 06,30 часот на регионалниот пат Тетово – село Јажинце, после мостот во село Непроштено Ш.И.(49) од село Слатино управувајќи патничко моторно возило “Голф” со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот.

Во незгодата со повреди се здобиле двајца сопатници од село Слатино, сопатникот Р.И.(46) се здобил со тешки телесни повреди, a М.И.(73) со телесни повреди. На повредените им е укажана лекарска помош во Клини;ка болница Тетово.

Извршен е увид на местото на настанот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток