На 25.01.2019 година во 02,00 часот во Радовиш на булевар „Александар Македонски“, Н.А. (32) од Радовиш, управувајќи патничко моторно возило “Мердецес“ со швајцарски национални ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот, по што удрил во билборд на бензинска пумпа.
Со повреди се здобиле Н.А. и сопатниците И.И.(32) од Радовиш и Т.Б.(22) од село Ораовица, кои биле пренесени во Клиничка болница Штип.
Извршен е увид на местото на настанот.