„А каде беше инспекторатот да види како е можно толкав број членови на едно семејство да се вработени на исто место“, вели Најчевска за случајот со Комунална хигиена
Од
Објавено на
Професорката Мирјана Најчевска жестоко реагира откако вчера Државниот инспекторат за труд наложи дека 32 вработени од Комунална хигиена треба да се вратат на работа, бидејќи како што рекоа оттаму, биле незаконски избркани.
„А каде беше инспекторатот да види како е можно толкав број членови на едно семејство да се вработени на исто место и како е можно толку луѓе да не одат на работа а да добиваат плата?
Мислам дека сега треба Косана Мазнева да оди на суд и да побара отповикување на инспекторската одлука.
Би свртела внимание на членот 87 од Законот за работните односи“, пишува Најчевска во својата објава на Фејсбук.