(ВИДЕО) Евакуирани туристи од Родос сместени во спортска сала, спијат на душеци
Поради пожарите што деветти ден се активни на Родос и предизвикаа огромна материјална штета, веќе на целиот остров е прогласена вонредна состојба.
Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос информираше дека пожарот кај Велестино брзо се проширил и затоа преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за превентивна евакуација на две села и индустриската зона на Волос.
Иста порака добиле и жителите на северниот дел на грчкиот град Ламија за превентивна евакуација кон централниот и јужниот дел на градот.
Пожарите се гасат со копнени и воздушни сили.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се споделуваат видеа од фактичката состојба на евакуираните. Сместени во спортска сала, спијат на душеци….
@protothema.gr #rhodes #ροδος #protothema #fire #φωτια #ελληνικοτικτοκ #tiktokgr #greektiktok #πυρκαγιες ♬ original sound – protothema.gr