Македонија

СДСМ: ДПМНЕ треба да даде одговори околу концесиите за рудникот Иловица

СДСМ: ДПМНЕ треба да даде одговори околу концесиите за рудникот Иловица

СДСМ како од првиот ден, така и сега е против рудниците и останува заедно со граѓаните да се бори против нивно отворање, велат од владејачката партија преку допис до медиумите.

dobivaj vesti na viber

Владата предводена од СДСМ донесе Одлука за укинување на спојувањето на концесиите за рудникот Иловица. Одговорите околу концесиите за рудникот Иловица, како што се наведува, треба да ги даде ДПМНЕ.

„Никола Груевски, Зоран Ставревски, Миле Јанакиески, Паско Кузман се само дел од функциониерите на ДПМНЕ кои учествуваат во процесот на давање концесии за рудникот во Иловица, од кои втората целосно за заобиколува првата концесија. Тие немале никаква забелешка на доделување и на првата и на втората концесија и од аспект на транспорт и врски и од аспект на животна средина и од аспект на земјоделие и од аспект на води.

ДПМНЕ со својата неодговорност, неспособност и алчност, ја втурна државата во судски лавиринти во кои се уште е заглавена.

Затоа ДПМНЕ и Мицкоски денес се последните што имаат право да зборуваат за отворање рудници. СДСМ како одговорна партија останува на страната на граѓаните и нивните интереси“, се наведува во соопштението.

Макфакс

На почеток