Рок легендата сер Мик Џегер во средата го прослави својот 80. роденден, а веста која беше на насловните страници на светските шоу-биз медиуми сега е дополнета со неколку детали од прославата.
Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо и пејачот Лени Кравиц му пееја роденденска песна, откри извор кој бил присутен вечерта.
Фронтменот на „Ролинг стоунс“ во средата славеше со многу гости, вклучително и неколку од холивудската А-листа, во ноќниот клуб Embargo Republica во Челзи, Лондон. На забавата имало танчерки во карневалски стил и бенд кој настапува за гости.
Инсајдер од забавата изјави за „Мејл-онлајн“: „Мик беше многу среќен што го помина роденденот опкружен со своето семејство и пријателите, кои долетаа во Лондон од целиот свет за да бидат таму на неговиот посебен ден.“
„Постојано беше на подиумот и не престана да се движи цела ноќ, а целата забава траеше до раните утрински часови.
„Леонардо ди Каприо и Лени Кравиц му пееја: ‘happy birthday’ и, сите останати им се придружија… тоа беше најзабавната прослава.
„На вечерта со кубанска тема се појавија и егзотични танчерки облечени како за карневал – во градници со украси и разнобојни пердуви на глава. Тие ја оживеаја забавата.“
Макфакс
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)