Македонија

Во Арачиново приведен шверцер на мигранти за издржување казна затвор од четири и пол години

Во Арачиново приведен шверцер на мигранти за издржување казна затвор од четири и пол години

Денеска, во 11.40 часот, во с. Арачиново, Скопско, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А. А. (27) од с. Арачиново. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години и шест месеци за сторено кривично дело по член 418 б од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Макфакс

На почеток