Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски (331. на АТП листата) избори пласман во полуфиналето на фјучрс турнирот што се одржува во Крамшах, Австрија.
Ивановски денеска во четврт-финалето беше елиминираше домашниот натпреварувач Сандро Коп со 2:0 по сетови 7:6 и 6:4.
Ивановски, кој е втор носител на турнирот, во полуфиналето ќе игра против победникот од мечот Ламбер Рулан (Франција) – Матијас Ерхард (Германија).
Во Крамшах Ивановски настапува и во дубл. Тој и неговиот партнер Елдин Хусеиновиќ, во четвртфиналето за противници ги имаат Американците Николас Бибел и Џејми Венс.
Наградниот фонд на турнирот Крамшах изнесува 25.000 долари.
Макфакс
