Коментари

Ванковска за „руските ботови“ на Ковачевски: Звучи налудничаво, ама под овој изговор можат и тенкови на улица да извадат

Професорката Билјана Ванковска реагира за посочувањето од премиерот Димитар Ковачевски на „руски ботови“ и „платени политичари“ како кочничари на промените на Уставот заради впишување и на Бугарите во него.

„Огромен дел од народот им вика НЕ за уставни промени, тој ти вели: вие сте руски ботови! Звучи налудничаво, ама под овој изговор можат и тенкови на улица да извадат, јер Русија е закана за Западот, НАТО и мирот во светот.

Бранко во 2004 се жалеше во Брисел дека народот му е националистички, овој напредува – народот е предавнички, а тие се праведници“, стои во објавата.

To Top