Ставен е под контрола пожарот во Гоцевата шума во близина на Неготино што се разгоре попладнево.
Во гасењето на пожарот учествуваат пожарникари од Неготино и Кавадарци, а на помош беше испратен и авионот на Дирекцијата за спасување кој интервенираше со едно истурање.
Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов, вели дека немало потреба од второ дејство на авионот на ДЗС, па хеликоптер на МВР со ведро од 1 тон во два наврати прецизно дејствувал врз пожарот и огнот е ставен под контрола.
„Се очекува и третиот налет на хеликоптерот на МВР после што ќе се повлече во неговата база“, вели Ангелов.
Макфакс