Карим Бензема (35) го реши победникот на и на вториот меч во дресот на Ал Итихад. Откако постигна гол и асистенција на првиот натпревар против тунискиот Есперанс (2:1) во Купот на арапските шампиони, во истото натпреварување постигна гол за победа од 1:0 против тунискиот клуб Сфаксиен.
Бензема, свртен со грб ја прими топката со десна на десетина метри дијагонално од голот. Без да сочека топката да падне на земја, шутираше со десната нога и ја погоди мрежата. Погоди и покрај тоа што не го гледаше голот и беше опкружен со четворица ривали.
Бензема пред еден месец се пресели во Ал Итихад како слободен играч. Во Саудиска Арабија потпиша тригодишен договор за 200 милиони евра годишно.
Al Ittihad [1] – 0 CS Sfaxien / 2023 Arab Club Champions Cup / 2nd GS match (Group A) / 63’ Karim Benzema
by u/Elite_VRTX in soccer
Макфакс