Една од неколкуте летни трансфер саги наскоро може да заврши. Понеделник е „Денот Д“ за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн. Делегацијата на Баерн Минхен се наоѓа во Лондон, каде денес ќе преговара за Даниел Леви околу трансферот на Кејн.
Тотенхем, односно Даниел Леви, одби две понуди за Кејн, од 70 и 80.000.000 евра. Денес челниците на Баерн ќе понудат уште поголема сума, со која доколку Леви ја прифати ќе претставува клупски рекорд.
Актуелниот го држи Лукас Ернандес, за чии трансфер Баерн на Атлетико Мадрид му плати 80.000.000 евра.
„Пред нас се клучните часови за трансферот на Хари Кејн“, пишува на Твитер фудбалскиот „инсајдер“ Фабрицио Романо.
Херберт Хајнер, претседателот на Баерн истакна дека тие го почитуваат Леви како голем професионалец.
Како што претходно објавија медиумите на Островот, најдобриот англиски напаѓач по речиси 15 години сака да го напушти Тотенхем.
Кејн има 30 години, а во кариерата постигна 307 гола со 80 асистенции на 514 натпревари.
Макфакс