Македонија

Демократскиот сојуз: ДУИ блефира со оставките, за почеток нека се повлече Османи

Демократскиот сојуз: ДУИ блефира со оставките, за почеток нека се повлече Османи

Критики за надворешната политика што ја води земјата, упатија од партијата Демократски сојуз на Павле Трајанов од каде по најавените оставки на министрите од ДУИ порачаа дека за почеток треба да се повлече министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

dobivaj vesti na viber

Од Демократскиот сојуз велат дека ДУИ заедно со Маричиќ и Ковачевски, ја водат надворешната политика,која ги загрози евроинтеграциите со прифаќање на неоснованите барања на Бугарија и нивно вградување во Преговарачката рамка, посебно за промената на Уставот, а притоа без да бидат направени пошироки консултации.

„За почеток, од функцијата треба да се повлече Бујар Османи,кој со своите одлуки директно ги загрози националните интереси на Македонците,но и на другите граѓани,а ги загрози и европските перспективи на Македонија“, истакнаа од партијата.

Сметаат дека оваа Влада нема поддршка од граѓаните,ниту од мнозинството во Парламентот, поради што неопходни се избири, како демократски чин за промена на власта.

Демократскиот сојуз предупреди дека најавата за оставки на министрите од ДУИ е класичен, но и препознатлив блеф. Според нив, ДУИ е најодговорна за криминализацијата на државата, блокадата на реформите на судскиот систем, огромниот број на промашени капитални инвестиции, како и колапсот на државните институции. Заради овие причини, Демократскиот сојуз смета дека ДУИ треба да се повлече од власта.

 

Макфакс

На почеток