Македонија

Сообраќајна несреќа меѓу две возила во Битола, две лица повредени

Сообраќајна несреќа меѓу две возила во Битола, две лица повредени

Во текот на вчерашниот ден во 22.44 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет авео“, управувано од Н.П.(20) од Битола и патничко возило „бмв“, управувано од Л.М.(28) од Битола, двете со битолски регистарски ознаки.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата, Л.М. се здобила со тешки телесни повреди, додека сопатникот Д.Ј.(35) од Битола се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Макфакс

На почеток