Македонија

За заштита од прокапување и обнова на витражот во Македониумот се бара помош од странство

Ни бојата од годинешното молерисување на Македониумот во Крушево, најзначајниот споменик за Илинден, целосно не ги покри трагите од претходните прокапувања во објектот, пишува СДК.мк

Надлежните ги потврдија проблемите со кои се соочува Македониумот. Велат, споменикот зафаќа голема површина и е комплексен, па се прават посебни проекти за различните сегменти, а во делот на витражите недостига кадар во земјава, па се разговара со експерти од странство.

„Ние тековно го одржуваме. Годинава целосно е молерисан, деловите каде имаше прокапено се санирани. Кон витражите имаме мали проблеми кои треба тековно да се решат во координација со надлежните институции Министерство за култура и Завод и музеј – Прилеп. Во споменикот целосно е реновиран подот, хортикултурно цело време се одржува, осветлувањето е целосно променето. Но, проблемот со прокапувањето не е решен. Тоа е во делот на витражите и челичната конструкција. Тоа ни прави најголем проблем кога има врнежи. За негово санирање се изработува проект во Завод и музеј – Прилеп. Тоа е пообемен проект и затоа оди побавно“, вели Тома Тана, директор на Историскиот музеј во Крушево.

 

Целиот текст можете да го прочитате тука

На почеток