Македонија

Ковачевски донираше сијалици за улично осветлување за Македонците во Голо Брдо

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со Македонци од месноста Голо Брдо од Албанија на кои им донираше машина за чистење снег и сијалици за улично осветлување.
Како што информираат од службата на Владата, ова е барање од заедничкиот договор на Македонците, од овие краеви. Од таму додаваат дека станува збор за Акцискиот план за поддршка на Македонците од Голо Брдо и Пустец за подобрување на условите за живеење на етничките Македонци во Албанија.

„Денес имав убав повод за средба со нашите Македонци и во рамките на ова средба практично направивме донација од машина која што ќе ја користат во текот на зимските месеци за чистење на снегот и улично осветлување, вкупната донација е од 1 милион денари и таа веднаш ќе биде предадена и ќе биде користена во Голо Брдо како и во другите општини кој што се населени со Македонци, сакам уште еднаш да им посакам добредојде на нашите сограѓани на нашите македонци кој живеат во Албанија и како и тие сами кажуваат овде се чувствуваат како дома бидејќи и Албанија и Северна Македонија се држави кој што во моментов имаат односи кој што се на исклучително високо и пријателско ниво. Добредојдовте уште еднаш и нека е со среќа“. рече Ковачевски.

Премиерот најави и отворање на граничниот премин Требиште-Џепиште кој треба да работи 24 часа.

To Top