Под мотото „Пристојна плата- сигурни работни места“, вработените од јавниот сектор, образованието, културата и науката, денеска на протестен марш низ Штип. Тие остануваат на своите барања за покачување на платите, во спротивно се закануваат со генерален штрајк во администрацијата и образованието.
„Покачување на платите од јануари 2019, согласно процентот по кој е покачена минималната плата, стоп за трансферот од јавен во приватен сектор.“ – вели Благоја Ралповски претседател на КСС.
„Доколку имаше слух владата, ние немаше и во Прилеп да протестираме и денес, но очигледно е дека овие луѓе, но и луѓе во јавната администрација се незадоволни од состојбите и по вакво лошо време се охграбрија да излезат на јавен протест.“ – вели Јаким Неделков претседател ан СОНК.
Учесниците на протестот не се оптимисти дека барањата ќе им бидат прифатени, но тие како што велат повторно ќе излезат на улица затоа што платите им се ниски и недостојни за живот.
На списокот барања се и потпишување на колективни договори за високото образование и вработените во Министерството за труд и социјала, но и стоп за селекцијата на синдикатите во културата.