Македонија

Комити Скопје со порака до бугарската фондација: Вардар не е на продажба, не дискутираме со луѓе што не го признаваат македонскиот идентитет

Комити Скопје со порака до бугарската фондација: Вардар не е на продажба, не дискутираме со луѓе што не го признаваат македонскиот идентитет

Вардар не е на продажба, порачуваат на социјалните мрежи, скопските Комити.

dobivaj vesti na viber

Ситуацијата како што појаснуваат во напишаното е крајно алармантна. Додаваат дека до клубот, пристигнала финансиска понуда од страна на бугарската фондација “Македонија”, која што сакала да го купи, како што велат „нашиот Вардар, а со тоа и да го смени целиот идеолошки наратив, врз кој 76 години, континуирано се развивал клубот“.

„Нашиот став е дека воопшто не постои простор за дискусија со луѓе кои што не го признаваат македонскиот идентитет, па затоа одговорот ќе го објавиме вака јавно, нека биде тоа одговор на македонскиот народ, кон нечесната и крајно тенденциозна понуда: Вардар не е на продажба!“, се потенцира во напишаното.

На ваквите напади, истакнуваат во напишаното, ќе продолжиме да одолеваме, само доколку секој од нас ја разбере важноста на купување на членската карта.

„Секој. Членската карта е наш одговор и најважно оружје при одбраната на Вардар – народниот клуб, највредното кое го поседува Македонија на спортски план и симболот на нашиот вечен непокор!

Голем е, затоа сакаат да го уништат – голем е, затоа ќе го заштитиме!

Воедно, ги повикуваме сите надлежни институции, особено оние кои подадоа рака“, се нагласува во статусот.

Народот, како што велат, повикува на борба за клубот и сега е време е за акција.

„Членската карта е обврска за сите. Подадената рака значи одговорност!
Биди на стадионот кога ќе грмне “Море сокол пие”. Нека биде тоа нашиот одговор!

Купи членска“ се подвлекува во објавата.

Инаку неодмна најтрофејниот македонски клуб, ФК Вардар, ги започна своите подготовки за враќањето во македонската Прва лига со јасна порака до своите навивачи – купете сезонски билет по симболична цена за да се помогне на омилениот клуб.

Сите собрани финансиски средства, појаснија и тогаш, ќе бидат наменети за функционирањето на клубот.

Макфакс

На почеток