Ние не се мешаме во внатрешните работи на други држави, кога договорите се постигнати и донесени. Србија им честита и на Скопје и на Атина. Србија ќе биде една од првите држави, кои својот јужен сосед ќе го признае под новото уставно име. Сакаме најдобри можни односи и со двете земји и уште еднаш им честитам на господинот Заев и Ципрас, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање, вечерва во Нови Сад на отварањето на манифстацијата „Нови Сад-европска престолнина на младите“.
Вучиќ уште им честиташе на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на ратификација на Преспанскиот договор.
На прашањето за тоа колку овој договор ќе придонесе за добриот развој на односите меѓу Србија и Косово, рече дека „постојано за ова слуша приказни“, но нагласи дека „тука се работи само за името“.