Магазин

(Видео) Принцот Вилијам ги изненади жителите на Лондон послужувајќи вегански бургери од камионче

(Видео) Принцот Вилијам ги изненади жителите на Лондон послужувајќи вегански бургери од камионче

Британскиот принц престолонаследник ја остави јавноста вчудоневидена додека послужуваше бургери од камионче за храна паркирано во југоисточен Лондон.

dobivaj vesti na viber

Принцот Вилијам, постариот син на кралот Чарлс Трети, ги осмисли специјалните бургери „ертшот“ за да ја промовира својата истоимена награда за заштита на човековата средина.

Нему му се придружи екипата на Јутјуб-каналот „Сортид фуд“ додека ги проверуваше минатогодишните победници.

На Вилијам му се придружија Бен Ебрел, основачот и готвач на „Сортид фуд“, и Каш Бејсин, шефот на кујна, за да испробаат три еколошки изуми на минатогодишните победници на наградата „Еартшот“.

Идниот крал рече: „Не можам да гарантирам за вкусот и квалитетот – тоа зависи од Каш и Еберс – тие го осмислија менито, па јас продолжувам со него“.

41-годишниот принц не се плашеше да ги извалка рацете, влегувајќи во камиончето за да ги подготви бургерите и потоа да ги послужи на луѓето што ги чекаа.

Идниот крал прави и продава плескавици од растително потекло – на база на компир, ароматизирани со лук, ѓумбир и чили, во комбинација со кисел зеленчук.

За да ја создадат кујната од растително потекло, готвачите на „Сортид фуд“ користеле специјални печки за да помогнат во намалување на загадувањето на воздухот.

Принцот од Велс и неговата сопруга Кејт ја започнаа оваа иницијатива во 2020 година во потрага по добри решенија за најголемите еколошки предизвици и, секоја година ќе доделуваат глобална награда за придонес во екологијата.

Вилијам и Кејт најавија деценија на дејствување во насока за обнова на планетата Земја. Секоја година, од 2021 до 2030 година, наградата наречена „Ертшот“ ќе ја добиваат петмина поединци или организации што наоѓаат и предлагаат решенија за еколошки проблеми.

Макфакс

На почеток