Македонија

Левица: Шест години Договор за добрососедство – шест години бугаризација на Македонија

Левица: Шест години Договор за добрососедство – шест години бугаризација на Македонија

На 1-ви Август 2017 година беше потпишан популарно наречениот „Договор за добрососедство“ со Бугарија, од страна на тогашната квислиншка власт предводена од Зоран Заев, по што официјално започна процесот за бугаризација на Македонија, предводен од михајловистичката СДС и балистичката ДУИ, истакнуваат од Левица.

dobivaj vesti na viber

Потсетуваат дека уште пред да отпочне процесот на преговори за овој договор, Левица побара неприфаќање на бугарските услови!

„За време на преговорите, од наша страна беа воочени сите слабости кои квинслишката власт и неискусната дипломатија беа спремни да ги проголтаат, а беа укажани и последиците кои ќе нанесат трајна штета на државниот углед и националниот интерес на Македонија.
За жал, михајловистичката власт не ги прифати ниту укажувањата на Левица, ниту народната волја против овој договор! Неумешноста на македонската дипломатија покажа извонредни капацитети од секоја битка да излезе како Губитник, а Македонија е држава која после секој меѓународен договор, парче по парче губи од својата самобитност во име на европските интеграции, каде сите национални интереси се подредени на удоволувањата за исполнување на странски национал-шовинистички и великодржавни апетити“, се подвлекува во нивната рекација.

Овој „добрососедски договор“, како што велат, ги надмина и најлошите сценарија, го отвори патот за реализација на „Преспанскиот договор“, а налудничавата политика на СДСМ и ДУИ, според Лвеица, прифати историски Ревизионизам, менувања на учебници, споделување на државна архива и државни тајна, отворање на фашистички клубови, премина кон системско уништување на антифашистичкото минато на македонскиот народ и бугаризација на македонското општество, за на крај, повторно од бугарското вето да зависи продолжување на европскиот пат, за кое се спроведуваат УСТАВНИ ИЗМЕНИ!

Левица повторно укажува дека уставните измени апсолутно не гарантираат продолжување на интеграцискиот пат во ЕУ за Македонија. Доколку се случат овие измени, оценуваат дека повторно ќе се отвори патот за бројни бугарски барања и Бугарија повторно ќе може да го користи правото на вето за секое наредно поглавје, а следејќи ја нивната политика повеќе од сигурно е дека во иднина ветото ќе продолжи да биде злоупотребувано.

Левица стои на ставот дека Македонија треба да ги прекине секој вид на односи со Бугарија кои го задираат националниот идентитет на државата! Евро-интеграциските процеси треба да продолжат исклучително преку призмата на внатрешните реформи и Копенхашките критериуми, каде ќе бидеме третирани еднакво, како и останатите земји кои станале дел од европското семејство.

„ЕУ не смее да дозволи газење на внатредржавната демократија и да не го почитува мислењето на 80% од Македонците кои се против т.н. Француски предлог и уставните измени“, потенцираат од Левица.

Макфакс

На почеток