Македонија

„Ауди“ и мопед се судрија во Центар, едно лице е тешко повредено

„Ауди“ и мопед се судрија во Центар, едно лице е тешко повредено

Сообраќајна незгода помеѓу автомобил и мопед се случи вчера во центарот на Скопје, на крстосницата во близина на зградата на ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Како што објави МВР, возачот на мопедот со тешки повреди е пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

„Вчера вечер во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Св.Климент Охридски“ со бул.„Кирил и Методиј“ и бул.„Мајка Тереза“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди А6“, управувано од И.П.(51) од Скопје и мопед, управуван од Н.С.(26) од Скопје, двете со скопски регистарски таблички“, објави полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Макфакс

На почеток