Пешак загина во синоќешната сообраќајна несреќа во која учествуваа два автомобили на крстосницата на булеварите Босна и Херцеговина и Словенија со улицата Македонско-косовска ударна бригада во Скопје информираа од МВР за „Макфакс“.
Имено, синоќа во 23.25 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Словенечка“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.О.(39) од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки управувано од А.С.(41) од Скопје, при што возилото „мерцедес“ удрило во пешакот М.В.(25) од Скопје.
По несреќата пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнал на повредите, а од страна на лекар констатирана била смрт.
Возачот С.О. и неговата сопатничка М.О.(28) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот А.С. со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 ми Септември“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Макфакс