Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер уште еднаш истакна дека најтежок ривал му бил Рафаел Надал.
Легендарниот играч извесно време помина во Њујорк со тамошните млади тениски надежи.
На еден од тренинзите го прашаа против кој играч има најмногу проблеми.
„Имав најмногу проблеми против Рафаел Надал, особено поради неговиот врвен спин и фактот дека игра со лева рака“, рече Федерер, а потоа тој на девојчето му постави прашање.
„Дали ти се допаѓа да играш против левораки играчи“.
„Не“, одговори таа.
„Ето“, со насмевка одговори Федерер.
Инаку, Надал има скор од 24 победи и 16 порази против Федерер.
Последен пат тие се сретнаа во полуфиналето на Вимблдон 2019 година, кога Швајцарецот победи.
Roger Federer spent some time coaching young kids in New York
“Who was the person you struggled against the most?
Roger: “I struggled against Rafa the most. Yeah, just bc of his topspin and lefty, you know. Do you like playing against lefties?”
“No.”
Roger: “There you go” 😂 pic.twitter.com/HFukQbqEc7
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) August 1, 2023
Макфакс