Македонија

(ФОТО) Исчкртана бистата на Горан Стојменовиќ, припадник на МВР кој загина во „Диво Насеље“

Вандалски чин е извршен во скопско Инџиково, каде е оштетена бистата на Горан Стојменовиќ, припадник на МВР кој загина во „Диво Насеље“. Случајот први го забележало семејството, кое е вознемирено. Бистата на Стојменовиќ е пречкртана со плава боја. Сето ова, во паркот посветен на него.

Според информациите од жителите, офарбан е и девет метарскиот крст кој се наоѓа на оваа локација, како и иконите. Прашани кога се случило ова, тие посочуваат дека е денеска, на ден Илинден.

За случајот ќе биде известена и полицијата.

На почеток